
Во Gallery MC во Њујорк денеска ќе биде отворена самостојната изложба „Effortless“ („Природно“) на македонската интердисциплинарна уметница Јана Луловска. Изложбата ќе биде достапна за посетители до 13 ноември.
„Effortless“ претставува избор на дигитални графики кои ги истражуваат темите на флуидност, трансформација и природниот тек на животот. Користејќи дигитални алатки, Луловска создава визуелен простор во кој движењето и промената се централни елементи на изразување. Изложбата е инспирирана од движењето Флуксус и нуди уметничка визија за убавината во секојдневните транзиции.
Јана Луловска е наградувана уметница чие творештво опфаќа фотографија, графика, сликарство, инсталација и експериментален филм. Таа има изложувано во Македонија, САД, Франција, Германија, Италија и пошироко, а нејзините дела се дел од бројни меѓународни колекции.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Македонски






