Skip to main content

Стручен кадар од нашата земја ќе се едуцира и обучува во Центарот „Лајбниц“

Вчера во Музејот на РС Македонија и во Националниот Конзерваторски Центар се оствари средба со делегацијата од Центарот за Археологија ,,Лајбниц” во Мајнц, предводена од генералната директорка, проф. д-р Александра Буш, придружувана од д-р Ингрид Штелцнер и проф. д-р Роланд Шваб.

Релацијата со оваа престижна институција беше воспоставена во декември минатата година, кога претставници од Министерството за култура и туризам остварија работна посета на Центарот „Лајбниц“. Во изминатите осум месеци беа определени основните насоки за соработка, која вклучува можности за едукација и обука на стручен кадар од нашата земја во Центарот „Лајбниц“, одржување обуки и семинари за конзервација од страна на докажани експерти во Македонија, како и разгледување на можноста за донација на опрема за нашите конзерваторски лаборатории.

Во текот на минатата недела се потпиша Меморандумот за соработка со Германскиот археолошки институт.

Поврзани вести