
Книгата „Еден маж и една жена (или како љубовта раздвојува светови)“ од Елена Пренџова ќе биде промовирана вечер на „Зелениот покрив“ на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, информираат организаторите на настанот.
Рецензенти на оваа интерактивна збирка поезија за креативно читање и креативно пишување се реномираните македонски книжевници и есеисти универзитетските професори Владимир Мартиновски и Венко Андоновски, а на промоцијата книгата ќе ја претстави Мартиновски.
Пренџова е поетеса, слемерка и препејувачка. Таа е магистерка по филолошки науки и дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност. Менторира работилници за слем и креативно пишување. Авторка е на десетина поетски книги, а има објавено и неколку преводи и препеви од англиски и српски јазик. Го соорганизира националниот слем-натпревар, се додава во соопштението.