
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски на први септември во 20 часот на големата сцена се отвора новата сезона на Македонскиот народен театар (МНТ).
Играат актерите: Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.
Сместена во Њујорк, во 1980-те, во време на конзервативната политика на Роланд Реган и јавна незаинтересираност за епидемијата на сина „Ангели во Америка“ ја следи судбината на четири геј ликови и новните најблиски, чии приказни зборуваат за љубов под назамислив притисок, за страв и храброст, за вера и сомнеж, за човековата потреба да се најде надеж дури и кога светот е решен да ја уништи. Овие приказни се испрепетуваат и со реални историски личности, како познатиот адвокат Рој Кин, кој јавно ја негирал сопствената хомосексуалност, но на крајот умира од сида.
Сите актери играат по неколку ликови во претставата, бидејќи такви се и насоките во текстот, кажа денеска на прес-конференцијата режисерот Петковски, кој го превел текстот.
Мене лично ми беше голем предизвик овој текст. Прво, неговата содржина, бидејќи на многу интигрантен и интересен начин автортот спојува неколку теми и ја опшува културата во Америка во 80-те години на минатиот век, културата на мормоните, Евреите кои живеат во Њујорк… сите тие моменти се испрплетени и на еден начин ја критикува таа десничарка влада во Америка во тоа време, кажа Петковски.
„Ангели во Америка“ е една од најизвиканите драми во САД. Кушнер со оваа драма ја означи пресвртницата во историјата на американската литература и поттикна радикално преиспитување на америкаската политичка драма. Добитник на две награди „Тони“ и „Пулицерова награда“ во 1991 година, „Ангели во Америка“ е преведена на многу светски јазици и е поставена на театарски сцени ширум светот. Во 2003 година е снимена и серија со Мерил Стрип, Ема Томпсон, Патрик Вилсон, Ал Пачино која беше голем хит.
Фокусот беше да направиме нешто наше и нешто ново, да не се надоворзуваме на тоа што го играла Мерил Стрип или другите, додаде режисерот.
Сценографијата е на Мартин Манев, а костимите на Антонија Гугинска – Јордановска, а продуценти се Петар Антевски и Филип Петковски.
Претставата е копродукција на Здружението за афирмација на театарксата уметност „Пресврт“ и МНТ, со поддршка на Министерството за култура и туризам, „Јуроп хаус“, Германската амабасада во Скопје, Здружението „Заедно посилни“ и Gilead Sciences Europe LTD.
Претставата трае два часа и 45 минути.
Следната изведба е на втори септември во 20 часот.
Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.