Skip to main content

Премиера на тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид вечерва во Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид

Премиера на тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид ќе се одржи вечерва со почеток во 20.00 часот во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид. Претставата е по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов. Ова е втора премиера финансирана од Министертвото за култура и туризам на Р. Македонија.

Во оваа дуо драма улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски. Сценографијата е на Филип Витанов а костимиограф е Мимоза Тодоровска.

Цена на картите е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставатата резервации за претставата не се примаат и се продаваат исклучиво на билетарата!

Поврзани вести