
Почнувајќи од денес, секој петок и сабота Младинскиот културен центар организира отворени предавања за широка публика во Планетариум.
Предавањата ќе се одржуваат:
Во петоците и саботите од 19:00 часот.
Петок, 19:00 – За сите возрасти
Сабота, 19:00 – За најмладите вљубеници во небото, небесните тела и феномени
Билетите можете да ги набавите единствено на билетарницата во МКЦ по цена од 150 денари.
Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ) и неговиот влез е од страната на реката Вардар.