
Во 89-та година од животот почина почина Јован Павловски – поет, раскажувач, романсиер, публицист, енциклопедист; член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 г. и негов претседател од 1992 до 1996 и од 2006 до 2008 година, информираат од Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).
Роден на 10 септември 1937 година во Тетово, тој е автор на повеќе од дузина збирки песни: „Август“ (1962), „Медеја“ (1969), „Идентитет“ (1974), „Оксидирања“ (1983), „Прераскажување на ентитетот“ (1985), „Строгоста на живеењето“ (1988), „Последните 48 часа на професорот по историја“ (1993), „Стварна промена“ (1996) „Одработен страв“ (1999), „Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ“ (2000, поема), „Стравот на професорот“ (2001), „Две поеми“ (2010), „Ноќна поема“ (2010). Автор е на романите: „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“ (1972), „Сок од простата“ (1991, коавтор), „Проверка на слободата“ (1998), „Град, години, луѓе“ (2009); на романите за деца и млади: „Блиско сонце“ (1975) и „Значка“ (1976); на збирката раскази „Семејни иверки“ (2003); на збирките раскази за деца и млади: „Близини“ (1977) и „Луѓе во зло време“ (1986).
Освен тоа, тој е автор и на повести, есеи, како и на повеќе од дузина енциклопедии за македонската историја, уметност и култура.

Македонски



