Skip to main content

„На небото има реки“ од Елиф Шафак објавена на македонски јазик

„На небото има реки“ од прочуената турско-британска авторка Елиф Шафак е преведена на македонски изданија и е на полиците на книжарниците на ТРИ.

Водата памети. Луѓето забораваат. A некои книги се како водата, се паметат долго по нивното читање. „На небото има реки“ од Елиф Шафак е незаборавен роман кој како река долго ќе тече низ колективната меморија на сите читатели. Нурни се во бистриот роман на Шафак, нејзино љубовно писмо за водата, веќе прогласено за литературно ремек-дело низ светот. Популарноста на романот, исто како потопот, започна со една капка вода.

Овој волшебен роман на Елиф Шафак ги следи чудесните текови на водата, историјата и судбините, испишувајќи приказна проткаена со длабока емпатија за несреќните и отфрлените. Водата владее над сите нив – таа е и предвесник на животот и гласник на смртта. Иако телото е смртно, душата е вечен патник – исто како капката вода.