
Утре, (20 август) од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи „Книжевна средба со Капка Касабова во организација на издавачката куќа „Или-или“, која ги објавува нејзините книги на македонски јазик.
Низ разговор со авторката, творештвото на Касабова, со фокус на двете книги преведени на македонски, „Кон езерото“ и „Граница“, ќе го претстават Ана Витанова-Рингачева и Александар Маџаровски, а за преведувачките предизвици на нејзините дела ќе зборува Бранислав Мирчевски.
Касабова е родена во Софија, израсната во Нов Зеланд, а живее во Шкотска. Пишува на англиски јазик и нејзините дела се преведени на повеќе од 20 јазици. Позната е по уникатниот стил кој ги спојува патописот, мемоарот, историјата и поезијата. Добитничка е на бројни меѓународни награди.