
Изложба на автохтона уметност на текстил од Женскиот центар Бабара од Австралија ќе биде отворена вечер во 19 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.
Изложбата е организирана од Австралиската амбасада во Белград, која е акредитирана и за Република Македонија и Црна Гора, а на официјалното отворање ќе присуствува австралискиот амбасадор Питер Трасвел.
Како што соопштуваат од Австралиската амбасада, изложбата е дел од серијата активности со кои ќе биде одбележана 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Австралија.

Македонски








