
Во македонскиот КИЦ во Загреб Деан Шкартов по повод изложбата ,,Македонскиот рубин моќниот зрак на нашето срце”, одржа едукативна работилница за минералите како природно богатство за учениците кои го изучуваат македонскиот јазик. Покрај предавањето во рамките на работилницита, учениците имаа можност да се запознаат и со традиционални македонски песни во изведба на Елена Христова од ,,Баклава”.
Благодарност до училиштата ,,Никола Тесла” и ,,Аугуст Харамбашиќ” и наставничката по македонски јазик и култура, Деспина Велинска.