Вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, најмладата публика ќе има можност да ја погледне театарска претстава „Музиката на мојата птица“.
По мотивите од романот на Ана Анисимова
Режија и драматизација: Емилија Мрдаковиќ
Драматург и превод: Драгана Лукан Николоски
Играат:
Матеа Јанковска
Ана Левајковиќ Бошков
Мартин Јорданоски
Владимир Лазовски
Идејно решение за сценографија, кукли и костими: Адриана Добрева
Композитор: Алексеј Мрдаковиќ
Дизајн на промотивен материјал: Бранкица Јордановска
Инспициент: Ирена Глигороска
Светло мајстор: Оливер Ставрев
Тон мајстор: Ангеле Насковски
Изработка на кукли: Адриана Добрева
Изработка на сценографија: ИНТ Глобал Инженеринг АВ ДООЕЛ Битола
Изработка на реквизита: Адриана Добрева, Кирил Василев, Бранкица Јордановска и Љубица Велкова
Фотографија и видео материјал: Емил Петро
Реквизитер: Бранкица Јордановска
Шминка: Игор Петрески
Гардеробер: Ирена Јовчевска
Декоратери: Јовица Видески, Мартин Петровски и Бујамин Селими
“Дали е возможно да се биде среќен доколку животот не ви дал едно од сетилата – на пример, видот? Што значи тоа за семејството – казна или подарок? Интересно е да се види како го гледа светот едно слепо девојче. Малата хероина од оваа приказна учи да пишува со тајната шифра, се дружи со стапот на својот дедо, си игра со еден невидлив слон, нурка во океанот со китот и сака јаболка затоа што гласно крцкаат! Па дури и ако таа не може да го види вистинскиот свет со своите очи, таа го гледа со своите раце и ништо не го попречува нејзиниот свет – оној внатрешниот – да ја преплави нејзината фантазија и радост. Ова е приказна за необичното детство на едно слепо девојче, раскажана во нејзино име, во која нема трагедија, туку љубов кон животот. Приказна за среќата и способноста да се создаде среќа, деликатна, нежна, длабока и полна со љубов. Се прикажува животот на едно семејство кое знае да биде среќно. Семејство во кое слепото девојче не се чувствува различно. Благодарение на нејзиното семејство полно со љубов, таа живее исполнет живот, нејзините родители прават сè за да ја направат среќна, а нејзината среќа и прави и нив среќни.” – Емилија Мрдаковиќ, режисерка
“Претставата Песната на мојата птица/мојот допир, е специфично театарско дело кое си игра со својот израз меѓу класична куклена претстава и играна претстава. Низ овој нестандарден формат, претставата сака да ни ја покаже разликата во обликот на она што е вистинско и она како едно слепо девојче го гледа светот и облиците во него низ својата тактилна призма. Ова е една адаптација на прозно дело која нема класична драматуршка структура. Во драмската предлошка е свесно и намерно изоставен конфликтот на главниот лик со надворешниот свет, со намера да се долови хармонијата во внатрешниот живот на едно девојче, за кое општеството смета дека на некој начин е посиромашно од останатите деца, бидејќи не е во можност визуелно да ја доживее средината во која живее. Ова е претстава која сака да им покаже на децата, а и на возрасните, дека секој може да биде среќен со она што природата му го дала, бидејќи и она кое општеството го доживува како хендикеп, може да биде предност доколку детето расте со многу љубов и разбирање од средната во која се наоѓа. Ова е претстава која е топла и емотивна приказна за еден скриен агол од светот во кој среќно функционира едно семејство кое се спротивставува на стереотипите и ги надминува пречките со многу топли чувства и емпатија. “ – Драгана Лукан Николоски, драматург.