Skip to main content

Детската театарска претстава ,,Црвенкапа” викендов во „Јавна соба“

Детската театарска претстава ,,Црвенкапа” е работена според оргиналната приказна на Браќата Грим кој претставува култно дело во светската детска литертура. Целосната приказна ,,Црвенкапа” е целосно адаптирана во театарска претстава и ги задржува оргиналните делови и секако оргиналните ликови: Црвенкапа, бабата, волкот и ловџијата. Низ многу убави театарски моменти, познати за децата, оргинални костими, сценографија и музика, педагошки, интерактивни и комични моменти ќе се приреди една оргинална театарска хит претстава каде децата ќе ја слушнат и до нив ќе допре и јасно ќе биде упатена пораката на Црвенкапа, а таа гласи: ЈАС ГИ ИСПОЛНУВАМ СВОИТЕ ОБВРСКИ И САМО ТАКА ЌЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТО СЕКОЕ МОЕ ПРАВО. САМО ТАКА МОЖАМ НА СЕКОМУ ДА КАЖАМ : ЗДРАВО !

Низ претставата ,,Црвенкапа” врз основ на оргиналната приказна се додадени елементи кои се се врзани со правата и обврските на децата.

Играат: Ема Давчева, Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов

Сценска визуелизација: Диди

Изработка костими: Раде Василев

Режија: Сашо Ристовски

Продукција: Театар ХИТ Скопје

Поврзани вести