
На Заводот и Музеј Охрид му е даде рок од 30 дена да преземе итни мерки за заштита на локацијата каде е оштетената Спомен-куќа на Владо Малески во Струга, да даде насоки за идни чекори, но и да направи проценка на штетата на објектот кој има големо историско и културно значење, се вели во заклучоците од инспекцискиот надзор од Управата за заштита на културното наследство.
Минатиот месец поради изградба на објект во Струга, беше оштетен ѕид и кровот на куќата-музеј на Малески, авторот на текстот на македонската химна, која е споменик заштитен како културно наследство.
Од страна на УЗКН е доставена информација со која Завод и Музеј Охрид се задолжува да изработи проект за санација на постоечкиот објект во Струга, вели Весела Честоева, директорка на УЗКН во изјава за Телма и додава дека на инвеститорот му се заканува кривична пријава.
Вели дека се во постојана комуникација со ЈО и МВР и дека ќе биде поднесена кривична пријава за оштетување на културно наследство.

Македонски








