Skip to main content

Битолскиот театар вечерва гостува на фестивалот Direction East во Полска

Битолскиот театар месец октомври го започнува со патувања и нови предизвици. Првото од нив е вечер , 4. Октомври, гостувањето во Полска, Бјалисток на престижниот фестивал Direction East и тоа со претставата „На отворено море“, според текстот на Славомир Мрожек, а во режија на Благој Мицевски. Во претставата играат: Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.

Драматург на претставата е Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа каде е човештвото денес.

„На истото море, кое премина во океан од настани за кои веќе нема коментар, нема критериум според кој ќе бидат верификувани, најмалку политички метод за утврдување на нивниот човечен карактер, односно достоинство дека се резултат на човечка култура и цивилизација. Нашата денешна животна реалност ја премина секоја апсурдност на драмските дејствија во пиесите на апсурдите“, се вели во претставата. Текстот на Мрожек датира од 1961 година. Костимографијата е на Благој Мицевски, сценографијата на Валентин Светозарев, музика Александар Димовски, светло Игор Мицевски, видео Владимир Переловски, дизајн на рекламен материјал: Сашо Илковски. Инспициент Димитар Михајловски, суфлер Гордана Михајловска.

„Битолскиот театар повторно излегува на европска сцена – горди сме што ја претставуваме нашата уметност пред меѓународна публика“, истакнуваат од НТБ.

Следува претставувањето на 08.10.со претставата  „Едмонд“ во режија на Оливер Мицевски на добро познатиот интернационален фестивал на класична музика.

Поврзани вести