Skip to main content

Тошковски: Оној што управува автомобил повеќе од 90 од дозволеното не заслужува возачка дозвола


Во декември ќе започне тест периодот на „Сејф сити“, а системот ќе стартува на први јануари следната година најави денееска министерот Тошковски. „Безбеден град“ ќе функционира во Скопје, Тетово и Куманово, а планот е да се опфатат и коридор 8 и 10, а до средината на 2026 година да биде покриена територијата на цела држава.

„Наредниот период ќе бидат променети пакт закони за да може да го ставиме системот сејф сити во функција така какошто треба а пак стапувањето во сила на сите овие измени е 1.1.2026. за почеток ќе започнаеме со имплементација во рамки на град Скопје Тетово и Куманово, а до средина на 2026 година на територија на цела држава….“

Тошковски детално објасни што е намерата.

„Оној кој што седнува позади волан без возачка дозвола, под дејство на алкохол или психотропни супстанци или пак управува моторно возило повеќе од 90 над дозволено, значи ако е дозволено 120 тој управува повеќе од 200 – 210 тој не заслужува да поседува возчка дозвола и не треба да управува моторно возило. Така да во идиниа ќе ги заостриме казните особено во рамки на кривичниот законик, покрај парична казна ќе се изрекува и затворска, а возилата со кој што ги сторуваат овие кривични дела со кој што можат да предизвикаат и смртни последици ќе бдиат трјано одземени. “

Поврзани вести