Skip to main content

Се запали автомобил во движење кај Фурка

На 17.08.2025 во 22:44 часот во СВР Струмица било пријавено дека на патот Валандово – Дојран, кај село Фурка, општина Нов Дојран, настанал пожар во патничко возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки во движење, управувано од Г.З.(56) од Република Србија.

Од екипа на Територијалните противпожарни единици Гевгелија и Дојран пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.

Поврзани вести