Skip to main content

Пронајдено телото на бугарскиот нуркач кој исчезна кај Трпејца

Телото на 52-годишен бугарски државјанин, кој вчера попладне исчезна при нуркање во Охридското Езеро, е пронајдено во близина на селото Трпејца.

Според очевидци, тој бил облечен во нуркачка опрема и извлечен од голема длабочина. Несреќата се случила околу 13:15 часот, на длабочина од околу 89 метри, по што биле активирани Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачкиот клуб „Амфора“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, го потврди настанот, додавајќи дека причините за трагедијата сè уште се утврдуваат.

Поврзани вести