Skip to main content

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

МВР информира дека синоќа околу 19:45 часот, на кејот „Братство-Единство“ во Гостивар, 76-годишниот П.П. од Гостивар беше тешко повреден откако врз него налета возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистерски таблички.

Автомобилот го управуваше 63-годишниот Џ.М. од селото Мало Турчане.

Повредениот пешак е пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид изврши екипа од гостиварската полиција.

Поврзани вести