
Три лица застануваат среде улица во Бутел, активираат огномет и заминуваат – ова го покажува снимката од видео-надзорот од објект близу до улицата. Според датумот, огнометот е активиран завчера, точно минута по полноќ.
Видео ТУКА
Огнометот предизвика лавина реакции во јавноста бидејќи се случува за време на денови на жалост.

Засега нема информација од МВР за овој огномет, кој е активиран среде улица.
Вчеравечерта, имаше уште еден огномет, за кој веќе се уапсени две лица на 18-годишна возраст. Тие, покрај што активирале огномет, вчера славеле и роденден во кафуле.