
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие, од кои еден на депонија во Прилепско, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.
Посочуваме за еден пожар што е пример дека кога се пали оган на отворено е потребно да се биде внимателен. Конкретно, пожарникарите од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, вчера од 13.55 до 18.00 часот со 2 ПП возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа и штала во с.Марчино. Причина за пожарот бил оставен недогаснат оган од страна на излетници кои го имале запалено во дворот. Заради ветер се разгорел и ја запалил околината, а потоа и шталата и куќата. Овој случај не опоменува и ни го повторува старото правило дека излетнички оган се гасне целосно пред да се замине и не се остава сам да догори, потсетуваат од ЦУК.