Skip to main content

Лишено од слобода лице барано со потерница

На 23.01.2025 во 10.40 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода О.Ф.(39) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено– поправната установа Затвор Гевгелија, каде издржувал затворска казна во траење од седум години и пет месеци за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „тешка кражба“, а имал за доиздржување една година и седум месеци. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.

Поврзани вести