Skip to main content

Две торби дрога пронајдени во автомобил на патарината пред Велес

 Од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР денеска на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја.

Како што соопшти МВР, известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.

Поврзани вести