Skip to main content

Директорот и вработени во Комуналец в полиција, откако биле фатени како истураат ѓубре на дива депонија во Кчево

архива

Полициски службеници од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, а поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 230 од КЗ на РСМ („загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“) на разговор повикаа девет лицата  вработени од ЈП „Комуналец“ од Кичево, соопшти МВР.

Истите биле затекнати како одлагаат отпад во дивата депонија, а на разговор дополнително бил повикан и директорот на ЈП„Комуналец“ а во врска со сомнение за сторено кривично дело по член 230 и член 353 од КЗ на РСМ. Известен е надлежен ЈО по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.

Поврзани вести