Skip to main content

Акиов пријавен в полиција за вчерашниот напад

Вчера во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 12.30 часот за време на одржување на седница на Советот на општина Кочани, по претходно недоразбирање, А.А., советник во Советот на општината, се обидел физички и со тврд предмет да го нападне В.А. од Кочани, исто така, советник во Советот на општина Кочани, но бил спречен од присутните, по што фрлил шише со вода кон него, но го промашил и во лице ја погодил А.К.(46) од Кочани, вработена во општината, која била пренесена во здравствена установа за укажување помош.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести