
Голем број граѓани во државата денес одлучија да ги заобиколат ланците маркети и да ги остават паричниците затворени. Бојкотот на граѓаните на големите трговци почна утрово со отворањето на вратите за потрошувачите и трае до истекот на денешното работно време на маркетите. Она што може да се забележи е дека кон бојкотот се приклучиле мнозинството на граѓани бидејќи е очигледен намален број на купувачи во маркетите и на касите.Граѓаните сметаат дека денешниот бојкот нема да смени многу но сигналот испратен до надлежните и трговците е јасен. Се бојкотираше во речиси сите градови низ државата. Причините исти, произволно покачување на цените на продуктите без кои едноставно не може да се живее или функционира.
извор: Телма