Skip to main content

Растат цените, растат животните трошоци: Во јуни измерана инфлација од 4,5 отсто

Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи зголемување од 4,5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,7 %, објави Државноот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, изнесува 0,8 %.

Повисоката инфлација во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 2,9 %, Рекреација и култура, Храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 %, Разновидни стоки и услуги за 0,9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,8 %, Ресторани и хотели за 0,5 %, Здравје за 0,3 %, Комуникации, Облека и обувки за 0,2 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 %.

Трошоците на животот во групите Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година изнесува 101.1.

Поврзани вести