Skip to main content

Николоски: Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на 2026 година

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на наредната година, а целиот автопат од Коридорот 10 во должина од 40 километри треба да биде готов до крајот на 2027 и почетокот на 2028 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Прилеп.

Николоски присуствуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Како што изјави, задоволен е како се одвива изградбата на автопатот.

Најави дека со автопатско решение ќе биде поврзана и делницата од Фариш до Прилеп.

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива одлично. Задоволен сум од изведбата. Очекуваме кон крајот на 2026 година да ги имаме функционални првите 11 километри, а целиот автопатод 40 километри да биде готов кон крајот на 2027 година или во почетокот на 2028 година, зависно од временските услови. Автопатот, секако, се надоврзува на експресниот пат Градско- Дреново-Фариш, а ќе работиме на автопатско поврзување од Фариш до Прилеп – изјави Николоски.

Изведувач на автопатот е фирмата „Бехтел и Енка“.

Поврзани вести