Skip to main content

Мицкоски: Со француската бизнис-конфедерација МЕДЕФ ги унапредуваме економската и трговската соработка

Денеска одржавме состанок со претставници на Француската бизнис-конфедерација МЕДЕФ, на кој разговаравме за можностите за унапредување на економската и трговската соработка, како и за продлабочување на партнерствата меѓу компаниите од двете земји, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Во текот на средбата беше истакнато значењето на француските инвестиции и поддршката за создавање нови деловни можности во области како индустријата, енергетиката, инфраструктурата, дигиталната трансформација и зелената економија.

Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка определба за зајакнување на економските врски и унапредување на билатералната соработка.

Поврзани вести