Skip to main content

Возила на косовските безбедносни сили по грешка влегле во Северна Митровица

Конвој на косовските безбедносни сили (КБС) утрово поминал низ Северна Митровица, потег што предизвика вознемиреност меѓу локалното население и реакција на социјалните мрежи, каде снимките од колоната брзо се проширија.

Според договорот од 2013 година, припадниците на КБС не смеат да навлегуваат во северниот дел на Косово без претходна согласност од командантот на КФОР.

Од КБС велат дека станувало збор за ненамерна грешка. „За време на движењето на колоната од исток кон јужниот дел на Северна Митровица, дел од возилата по грешка тргнале во погрешна насока“, се наведува во нивното соопштение.

Настанот доаѓа во чувствителен момент на зголемени тензии меѓу Приштина и локалното српско население на северот, а КФОР засега не се огласил во врска со инцидентот.