Skip to main content

Во Србија властите планираат зголемувње на пензиите годинава и просечна плата од најмалку 1.174 евра до крајот на 2026

Фото: Freepik

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е планирано зголемување на пензиите и минималните плати до крајот на оваа година.

„Пензионерите ќе бидат многу задоволни бидејќи ќе добијат значително зголемување на пензиите пред крајот на годината. Им го должиме тоа бидејќи зголемувањето на пензиите не следеше по зголемувањето на платите“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Тој додаде дека, доколку неговите идеи бидат прифатени, во декември 2026 година просечната плата во Србија во најлош случај ќе биде 1.147 евра, а до крајот на 2027 година ќе достигне износ од 1.400 евра.

Тој изјави дека ја иницирал идејата за зголемување на минималната плата.

„Разговараме со најголемите синдикати, Министерството за финансии, како да им помогнеме на најсиромашните. Сега минималната плата е 457 евра, сакам да ја зголемам на 500 и 550 евра, а 95.000 луѓе во моментов примаат минимална плата“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека планот е да се лансира нов инвестициски план во Србија, за да се привлечат инвеститори од Европа и Азија. 

Поврзани вести