Skip to main content

Универзитетскиот клинички центар на Република Српска се става на располагање да помогне

Универзитетскиот клинички центар на Република Српска се става на располагање да помогне во лекувањето на пациентите повредени од пожарот во дискотека во Кочани.

УКЦ на Република Српска соопшти дека во оваа прилика преку Амбасадата на БиХ во Македонија понудиле да организираат транспорт со хеликоптери на Република Српска со неопходна медицинска придружба за двајца пациенти со тешки изгореници кои ќе се лекуваат таму.

Тие го изразија своето сочувство за болката на народот во Македонија поради страшната трагедија што ги потресе како луѓе и медицински работници.

Поврзани вести