
Под покровителство на Амбасадата на Австрија во Скопје вечерва во фоајето на Национлната опера и балет ќе се одржи Австриска вечер на камерна музика.
Замислете ноќ исполнета со елеганција, мир и врвна уметност. Моцарт, Хајдн и Шуберт се композитори чие творештво не старее, туку од година в година се продлабочува и ја зголемува својата вредност. Во секојдневието исполнето со обврски, стрес и брзо темпо на живот, ретко си дозволуваме момент за себе. Момент во кој ќе застанеме, ќе здивнеме и ќе почувствуваме нешто вистинско. И, токму тука најчесто губиме, заборавајќи колку ни е потребна уметноста за да се свртиме кон себе, велат од Национлната опера и балет.
На Австриската вечер ќе настапи квартетот „Контрастрингс“ од Виена, а на кларинет Ана Памер, млади, врвни музичари кои комбинираат класична музика, на емотивен и современ начин.

Македонски


