Skip to main content

Во Францускиот институт денес изложба и уметничка средба со Христина Ивановска и Јане Чаловски и проекција на филмот МАКЕДОНИУМ : Драматургија на незавршеното

По oтворањето на изложбата и уметничка средба со Христина Ивановска и Јане Чаловски, филмот МАКЕДОНИУМ : Драматургија на незавршеното ќе биде прикажан во наредните недели во Францускиот институт во Скопје.

Филмот, во продукција на Press to Exit Project Space, е во режија на Теона Стругар Митевска, и е базиран на сценарио на Христина Иваноска и визуелна обработка на Јане Чаловски. Филмот ги открива механизмите кои ѝ го оспориле на Искра Грабулоска признавањето на ко-авторството на споменикот „Македониум” и го поставува прашањето колку меморијалот е завршен.

Датумите за проекциите се:

Вторник 19 мај — 17:00

Вторник 26 мај — 12:00

Среда 3 јуни — 17:00

Четврток 11 јуни — 12:00

Ве молиме резервирајте место на [email protected]

Поврзани вести