
Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе неправосилна пресуда во долготрајниот спор за старателство над синот на пејачката Северина Вучковиќ и српскиот претприемач Милан Поповиќ. Нивниот син Александар сега ќе живее со својата мајка, потврди адвокатката на Северина во спорот, Јасминка Билош за хрватски „Индекс“.
Поради чувствителноста на случајот, таа не сакала да даде дополнителни детали, но она што сега е познато е дека нивниот 14-годишен син ќе живее со својата мајка и ќе има обврска да го гледа својот татко.
Северина и Поповиќ се на суд веќе 12 години во врска со старателството и родителската грижа над нивниот син.
Првата судска одлука беше донесена во 2014 година, кога Општинскиот граѓански суд во Загреб одлучи дека нивниот син треба да живее со својата мајка, додека таткото има право на посети.
Голем пресврт се случи во 2019 година, кога судот одлучи дека момчето треба да живее со својот татко, додека на Северина ѝ беше одобрен продолжен контакт со својот син.
Потоа, во 2021 година, Окружниот суд во Сплит ја поништи таа одлука и нареди заедничка родителска грижа, според која детето требаше да живее наизменично кај двајцата родители.
Нов пресврт следеше на почетокот на 2024 година, кога Врховниот суд ја поништи одлуката на судот во Сплит и го врати случајот од почеток. Судот заклучи дека судските вештаци не биле правилно сослушани за време на постапката, што се сметаше за значително кршење на постапката.

Македонски



