Skip to main content

Српскиот претставник во Претседателството на БиХ бара номинирање на Трамп за Нобеловата награда за мир

Facebook/The White House

Српскиот претставник во Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, предложи номинирање на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Нобелова награда за мир.

Според Цвијановиќ, од почетокот на неговиот втор мандат, Трамп постигнал важни резултати со своите дипломатски напори и личен авторитет, кои помогнале во стабилизирањето на бројни глобални кризи.

Цвијановиќ нагласува дека за кратко време, претседателот на САД придонел за завршување на неколку вооружени конфликти и решавање на сериозни безбедносни проблеми.

Оценувајќи ги неговите напори и достигнувања во областа на мирот, сметам дека е оправдано и заслужено Претседателството на Босна и Херцеговина да одлучи да го номинира претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир“, се наведува во иницијативата на српскиот претставник.

Поврзани вести