Skip to main content

Oружен напад врз автомобил во движење кај албанскиот град Лежат, убиени сопружници

Фото: Freepik

Албанската јавност попладнево ја вознемири тежок инцидент што се случи во селото Балдре, кај Лежа, во кој се убиени сопружници.

Врз автомобилот „Ауди” во движење, во кој се наоѓале сопружниците убијците пукале од автоматска пушка, исто така од автомобил во движење, по што веднаш побегнале од местото на настанот.

Двете лица починале во автомобилот кој бил изрешетан со куршуми.

Мажот идентификуван како Крешник Мујечи и имал криминално досие. Бил уапсен во 2017 година како соучесник во убиство на 47-годишен маж во 2016 година, заедно со неговиот брат.

Во Албанија овој викенд се регистрирани неколку жртви и на патиштата. Во сообраќајни несреќи, загинаа пет лица, а повредени се десеттина.

Поврзани вести