
Со пет награди во пет различни категории, македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМАТЛОН натпревар што денеска се одржа во Атина, а имаа задача да наоѓаат решенија за проблем од секојдневието, на тема „Кога луѓето би биле единствената вештачка интелигенција“, јави дописничката на МИА од Атина.
На натпреварот учествуваа над 400 тимови од осум земји, меѓу кои и нашата и домаќинот Грција, а по неколкучасовниот натпревар, односно презентација на решенијата за конкретната проблематика и оцените од судиите, попладнево беа прогласени најдобрите.
Македонија ја претставуваа 23 ученици од СТЕМ Академијата и беа поделени во пет тим, а сите од тимовите доби по една награда.
Очекувањата и на учениците, но и нивниот тренер-едукатор Љубчо Јованов, се исполнија, со оглед на тоа што претходно, во разговор за МИА изразија надеж дека ќе се вратат со награди, бидејќи беа задоволни од сработеното.
Јованов посочи дека за да одговорат на поставеното прашање со проектите опфатиле сектори од живеењето, започнувајќи од транспортот, одгледување на овошје и зеленчук, храна, заштита од природни непогоди, заштита на значајни објекти.
Натпреварот утрово беше свечено отворен, сите држави има претставување со песна од нивната земја, а македонските ученици ја избраа „Ангел си ти“ од Тоше Проески.

Македонски



