Skip to main content

Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам – Вучиќ нема да се сретне со делегацијата на ЕП

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека делегацијата на Европскот парламент не е повикана од никого во државата и тој нема да се има средба со нив, но никого не избегнува.

Вучиќ, кој е во Абу Даби за Неделата на одржливост, вели дека „мразителите на Србија рекле дека на 20-и-некој јануари ќе дојдат во Белград“.

Тие никого не прашаа, ниту не информираа. Никој не ги покани и тие доаѓаат непоканети. Тие самите одлучија да дојдат тогаш, а јас имам закажано разговори во Давос во тој период од пред пет месеци. Велат дека ја избегнувам средбата. Не ја избегнувам, не ми паѓа на памет да губам време и да се сретнам со Пицула. Имам време да се сретнам со оние кои посакуваат добро за Србија, но не сакам да ги видам овие и не сакам да разговарам со нив – рече тој.

Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, вчера изјави дека делегацијата на Европскиот парламент доаѓа без покана и дека нема да се сретне со нив бидејќи ќе бидат во посета на Естонија.

Делегацијата на ЕП ќе биде во Белград од 22 до 24 јануари.

Поврзани вести