Skip to main content

Матурант раскрварен од косовски полицаец откако покажал среден прст на двоглав орел

Во Косовска Митровица денеска се случи инцидент кога косовски  полицајци опколија српски матурант во центарот на градот. Еден од полицајците го зграпчи за вратот и го малтретирал, а на вратот на младиот човек се видливи траги од крв. Граѓани и професори го спасија матурантот од понатамошно малтретирање, јавија косовските и српски медиуми.

Инцидентот се случил во центарот на Косовска Митровица, кога матурантите, во придружба на професори и во придружба на трубачи, традиционално поминувале низ градот. Реакции имало од блиското кафуле, кога еден од гостите го покажа симболот на орелот и голема Албанија, а матурантите одговориле со покажување среден прст.

Потоа косовски полицаец се стрчал кон матурантите и извлекол еден од нив од групата, кого подоцна го малтретирал пред други граѓани, но и пред колега кој се обидувал да ја смири ситуацијата – и неговиот колега и вознемирените граѓани од српска националност, објавено е во видео на социјални мрежи.

На видеата објавени од медиумите и кои се појавија на социјалните мрежи, може да се види како млад косовски полицаец го стиска вратот на матурант, притискајќи го неговото грло со прст, а на вратот на матурантот се видливи траги од крв.

Најупорен во помагањето на матурантот бил професорот на чија маица пишувало IV3, исто како и на матурантот, па се претпоставува дека бил класен наставник. Тој не го пуштил матурантот се додека, со помош на други граѓани, не успеал да го одвои од полицаецот и да го однесе. 

Поврзани вести