
Косовскиот премиер Албин Курти, за каталонскиот весник „Периодико“ изјави дека е штета што Шпанија не ја признава независноста на Косово.
Курти вели дека Шпанија требало одамна да го признае Косово, но дека „сè уште има време за такв нешто“. Курти изрази надеж дека официјален Мадрид ќе попушти, иако Шпанија е категорично против признавањето.
Курти додава дека „Косово е најдемократската земја на Западен Балкан“ и дека сака да се приклучи кон Европската Унија.
Тој повтори дека не може да има нормализација на односите со Белград без „меѓусебно признавање“. Курти исто така изјави оти смета дека е „голема пречка“ што пет земји од ЕУ не го признаваат Косово.

Македонски


