
Новиот филм за животот на Мајкл Џексон, насловен „Michael“, пристигнува во кината ширум Скопје, а вечерва во Синеплекс се случува македонската премиера, со многу забава изненадувања (од 19 до 21 часот) и коктели наречени по најголемите хитови на кралот на попот, кој почина во 2009 на 50 години.
Проектот го продуцира Грахам Кинг, познат по успехот на ,,Bohemian Rhapsody”, додека режијата е на Антон Фукуа. Главната улога ја толкува неговиот внук Џафан Џексон, а во актерската екипа се и Колман Доминго, Мајлс Телер и Ниа Лонг. Холивудските медиуми објавија дека филмот имал буџет од 155 милиони долари.
Иако се предвидува дека филмот ќе биде огромен бокс-офис хит, голем предизвик останува како ќе бидат прикажани контроверзиите од животот на Мајкл Џексон, вклучувајќи ги и обвинувањата за злоупотреба кои со години ја следеа неговата кариера. И покрај тоа, интересот за Кралот на попот не стивнува, па многумина очекуваат дека „Michael“ може да го повтори, па дури и надмине успехот на ,,Bohemian Rhapsody”.

Македонски


