Skip to main content

Косовскиот парламент евакуиран поради добиена безбедносна закана

Зградата на Собранието на Косово денеска беше евакуирана по наредба на обезбедувањето, непосредно пред почетокот на 42-та конститутивна седница.

Пратениците кои беа во салата веднаш заминаа од парламентот, додека во исто време новинарите кои требаше да ја следат седницата беа замолени да ја напуштат зградата.

Според поранешниот претседател на парламентот Гљаук Коњуфца, обезбедувањето било информирано дека добиле телефонска закана и дека дејствуваат во согласност со безбедносните барања.

Собранието на Косово денеска на 42. продолжение на конститутивната седница требаше повторно да се обиде да избере претседател на законодавниот дом, откако сите досегашни завршија без успех, иако поминаа пет месеци од парламентарните избори, а три од конституирањето на новиот парламентарен состав.

Поврзани вести