Молк и тишина на Цетиње после стравичниот злостор кој го направи Александар Мартиновиќ. Тој својот крвав пир го направи на вкупно пет локации и уби 12 лица, меѓу кои и две деца.
Децата од 10 и 13 години ги убил во близина на нивната семејна куќа, мајката ја ранил, а татко им го убил во кафеана, каде и започнал крвавиот пир.
Тие момчиња беа прави делии. Не можам да верувам што ни се случи пред врата. Цело утро не можам да се смирам, сите плачеме. Татко им го убил во градот, а после дошол во нивниот дом и пукал во нив и мајка им. Тоа беше добро и чесно семејство – вели за РИНА, расплаканата сосетка.
Мартиновиќ убил и двајца роднини, браќа близнаци и нивните родители. Нивната куќа е на стотина метри од неговата семејна куќа. Тој уби роднини, соседи, пријатели, кумови. Ги познавал сите кои ги убил, и не пукал напразно.
Убиецот немал родители, живеел сам во семејната куќа. Имал сестри, во едната пукал, а и тие одамна го пријавувале за насилство. Огромна тага го зави Баице, велат соседите.
Мартиновиќ не бил оженет, работел како автолакер.