Skip to main content

Повеќе од 8.300 повици од граѓани за четири часа се пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), беа примени повеќе од 8300 повици, информираше директорот на ЦУК Мухамед Али.

Операторите на 112 работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици. И во моментов сè уште има зголемен интензитет на повици од граѓаните, а сите примени пријави континуирано се процесуираат и се проследуваат до надлежните институции и служби, вели Али.

Од ЦУК ги замолуваат граѓаните за трпение и разбирање во услови на исклучително голем број повици.

Доколку не успеат веднаш да воспостават контакт со 112, пријавите за материјални штети можат да ги пријавуваат и во текот на утрешниот ден, по што истите ќе бидат навремено евидентирани и проследени до надлежните служби, велат од ЦУК.

Мухамед Али
Директор на ЦУК

Поврзани вести