
Откажан е концертот на британската пејачка Џос Стоун, што требаше да се одржи вечерва на Стадионот на АРМ во Градски парк, објави „Авалон“. Ова е последица на големото невреме што попладнево го зафати Скопје, што предизвикало штети и на поставената опрема за концертот.
Како што може да претпоставите, невремето предизвика оштетување на комплетната продукциска опрема, како и на просторот предвиден за одржување на вечерашниот концерт на Joss Stone.
По извршената проценка на состојбата, беше констатирано дека не постојат никакви услови салата и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила дури и минимални услови за безбедна реализација на концертот.
Дополнително, добивме информации дека постои можност помеѓу 21:00 и 22:30 часот повторно да има невреме и поради тоа, од безбедносни причини, не постојат никакви услови концертот да се одржи.
Сите информации околу повратот на средствата ќе ги добиете во текот на утрешниот ден, објави „Авалон“ на социјалните мрежи.

Македонски


