Skip to main content

Осум луѓе се во болница по силното невреме во Скопје

Осуммина повредени луѓе се згрижени во скопските болници откако биле повредени во страотното невреме кое попладнево го погоди главниот град, објави порталот „Прес24“.

Според информациите на Пресс24, до овој момент четири лица се на Ургентен, а четворица во Стара градска болница. Пружена им е неопходна медицинска помош.

Меѓу повредените е и повозрасна жена од Џон Кенеди. Дрво и паднало врз глава и е пренесена на Ургентен. Едно лице сам со посекотина на чело отишол во 8-ми Септември.

Повеќе информации се очекуваат наскоро.

Поврзани вести