Skip to main content

Се сруши огромниот јарбол со македонското знаме кај „Ист Гејт“

Фото: Прес24 / принтскрин

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје го урна и големиот јарбол со македонското знаме кај кружниот тек во близина на „Ист Гејт“, односно кај поранешниот хотел „Континентал“.

Според првичните информации, металната конструкција попуштила под налетите на силниот ветер и завршила на земја.

Засега нема пријавено повредени лица, но е причинета материјална штета. Сообраќајот во реонот се одвива отежнато, а се очекува надлежните служби да ја обезбедат локацијата и да го расчистат теренот.

Порталот „Прес24“ објави снимка од местото. Јарболот, како што може да се види, е прекршен и паднат во тревата во средината на кружниот тек.

Поврзани вести