
Македонија е во бизарна ситуација на т.н. самонаметнато вето, порача Филипче од Брисел. На конференција „Започнување на Програмата на С&Д ‘Вили Брант’ за проширување на ЕУ“ лидерот на опозицијата Филипче, порача, дека македонската влада е пример за недостиг на стратегија во евроинтеграциите. Побара и помош од европските социјалдемократи, да помогнат во процесот на проширување на ЕУ.

Филипче во Брисел беше во друштво на Драган Ѓилас , лидерот на српската опозиија чие богатство се проценува на 600 милиони евра.
Лидерот на партијата „Слобода и Правда“ побара македонско сценарио и во Србија и формирање на техничка влада.
Без разлика на се, единствената која може да им помогне на граѓаните на Србија е Европската Унија. Вклучувањето во решавањето на кризата по моделот на Македонија и Црна Гора, испраќањето мисија во Србија, поддршката за формирање на преодна влада која ќе овозможи слободни и фер избори се потези кои би обезбедиле мирно решение на најголемата општествена и политичка криза во која се соочува мојата земја. Ваквите потези би ја вратиле вербата во Европската унија кај граѓаните и дефинитивно би ги свртеле луѓето кон Европа бидејќи тоа би значело дека Европа не нè заборавила, заклучи Ѓилас.