
Шест паркирани возила на улицата „Драгана Ракиќ“ во Земун синоќа биле зафатени од пламени јазици, пишуваат српските медиуми.
Според неофицијални информации, две возила се целосно изгорени, а четири се делумно оштетени.
Околу 4 часот утрово избувнал пожар во неколку автомобили, односно на шест на различни места на истата улица. Пожарот оштетил и дел од фасада на зградата, во чија непосредна близина имало паркирани возила.
Според првичните информации, сомнежите се дека пожарот бил подметнат, а се слушнале и детонации.
Повредени нема. Истрагата е сè уште во тек.
Сè уште нема информации како започнал пожарот.

Македонски



